Вооружениот напаѓач во Менхетн по крвавиот пир се самоуби/Фото: Икс

ВИДЕО | Пукање во Њујорк: Вооружен маж убил четири лица во облакодер пред да се самоубие

Пет лица, вклучувајќи и еден полицаец од полициската управа на Њујорк, се убиени во пукотница во Мидтаун Менхетен во понеделникот, изјави официјален претставник на полицијата за Си-ен-ен.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјави дека пет лица биле застрелани во синоќа за време на пукотница во центарот на Менхетен.

„Пет невини луѓе беа застрелани вечерва, четворица подлегнаа на уште еден бесмислен чин на насилство со оружје“, рече Адамс за време на прес-конференцијата.

Шејн Девон Тамура, 27-годишник од Лас Вегас, кој беше идентификуван како осомничен за смртоносното пукање во Мидтаун Менхетен, исто така е мртов. Полицијата вели дека осомничениот извршил самоубиство.

Властите велат дека Тамура, кој имал „добро документирана историја на проблеми со менталното здравје“, пристигнал во Менхетен со автомобил во понеделник попладне по долго патување низ земјата.

Осомничениот имал истечена лиценца за приватен истражител, изјавија извори за Си-ен-ен.

Видео од безбедносната камера покажува маж како влегува во лобито на зградата Парк авенијата број 345 на 52-ра улица во Менхетен, во која, меѓу другото, се наоѓа седиштето на Блекстоун и НФЛ и веднаш отвора оган врз полицаец од њујоршката полиција и други минувачи, изјави началникот на полицијата во Њујорк, Џесика Тиш, на прес-конференција во понеделникот вечерта.

Тој бил вооружен со автоматска пушка М4.

Потоа напаѓачот се упатил кон просторијата со лифтот, каде што пукал во еден од обезбедувањето, рече Тиш и додаде дека напаѓачот потоа се качил на 33-ти кат, каде што пукал во друго лице пред да се застрела во градите.

Според градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, полицаецот од полициската станица во Њујорк, кој беше убиен во инцидент со пукање во Мидтаун Менхетен, бил 36-годишен имигрант од Бангладеш.

Полицаецот Дидарул Ислам бил оженет и имал две деца. Неговата сопруга е бремена со нивното трето дете, изјави комесарката Џесика Тиш.

Претходно, началникот на полициската управа на Њујорк, Џесика Тиш, преку Икс објави дека сторителот на вооружениот напад во кој смртно беа ранети најмалку три лица, еден полицаец и двајца цивили, е „неутрализиран“.

„Во овој момент, ситуацијата е под контрола и единствениот сторител на вооружениот напад е неутрализиран“, увери Тиш. Таа не даде дополнителни детали.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој и самиот е поранешен началник на полицијата, потврди во видео објавено на Икс дека напаѓачот е „неутрализиран“. Претходно зборуваше за „тековна истрага“ и ги повика жителите да ја избегнуваат областа Мидтаун, центарот на Менхетен.

Големи полициски сили, со неколку припадници опремени со панцири, моќни автоматски пушки и дронови, беа распоредени претходно во скапата населба, со позадина од облакодерите на најголемиот град во САД.

Десетици патролни автомобили и амбулантни возила ја блокираа Парк авенијата, од 52-ра до 54-та улица, додека полициски хеликоптер остана на позиција над областа.

Смртоносното пукање во облакодер во центарот на Менхетен е 254-то масовно пукање во Соединетите Држави оваа година, според Архивата за насилство со оружје (ГВА), непрофитна организација која го следи насилството со оружје.

ГВА го дефинира „масовен вооружен напад“ како вооружен напад во кој се повредени или убиени четири или повеќе лица, не вклучувајќи го сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот