Фото: PSG/X

ВИДЕО: ПСЖ покажа зошто е европски шампион и го прегази Реал Мадрид

Екипата на Пари Сен Жермен ќе игра во финалето на Светското клупско првенство откако вечерва со 4-0 го совата Реал Мадрид.

Победникот беше одлучен уште во првиот половина час кога домаќините постигнаа три гола. Фабијан Руиз го отвори резултатот по само шест минути игра, а Дембеле три минути подоцна зголеми на 2-0.

Веќе во 24. минута и третпат се тресеше мрежата на „кралевите“ со вториот гол на Руиз на натпреварот.

Токму во овој половина час видовме и се што беше интересно на натпреварот, бидејќи ПСЖ во вториот дел сигурно ја чуваше предноста за конечниот резултат да го постави Гонзало Рамош во самиот финиш од средбата.

Во финалето ПСЖ ќе се соочи со Челси кој претходно го елиминираше Флуминенсе, а натпреварот е закажан за в недела во терминот од 21:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот