ВИДЕО | Први снимки од нападот на Израел врз Иран

На социјалните мрежи се појавија видеа од наводни израелски напади врз Иран.

На нив се гледа како небото свети, веројатно од дејството на иранската противвоздушна одбрана.

Би-Би-Си Персија објави дека му биле испратени неколку видеа снимени во текот на ноќта од жителите на централната иранска провинција Исфахан, каде иранските државни медиуми јавуваат дека се слушнале експлозии.

Израел рано утринава го нападна Иран и истрела проектили кон оваа земја, јавуваат светските медиуми.

Иранските медиуми јавуваат дека летовите над неколку градови се откажани, пренесува АП. Нападнати се цели во близина на градот Исфахан, каде што наводно се наоѓаат иранските нуклеарни постројки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот