epa08873468 A protester is taken care of by fellow demonstrators after passing out during a protest in Tirana, Albania, 09 December 2020. Protestors demand the resignation of the Interior Minister Sander Lleshaj after a police officer fatally shot a young man for breaking the lookdown curfew imposed during the coronavirus (COVID-19) pandemic on 08 December. EPA-EFE/MALTON DIBRA

ВИДЕО: Протестите не запираат, Рама побара извинување од семејството Раша и ја соопшти оставката на министерот Лешај

Додека пред Министерството за внатрешни работи се одржува вториот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски службеник, албанскиот премиер Еди Рама преку видео порака јавно побара извинување од семејството на момчето.

Тој исто така соопшти дека првиот полицаец Сандер Лешај си поднел оставка од морални причини.

Рама рече дека министерот Лешај претходно му ја најавил оставката додека бил во САД и оти денеска имал средба со него. Но, според Рама „предметниот настан е посебен случај на полицаец”.

-Полицаецот е само трагичен исклучок што го консолидира правилото дека полицијата е заштитничка на граѓаните. Веднаш по добивањето на трагичната вест, министерот Лешај ми ја стави на располагање својата оставка. Ми рече дека тоа е во ред. Му реков да ме почека да се погледнеме во очи. Се сретнавме денеска и горд сум на чувството и ставот на Сандер Лешај. Денес не се сите исти. Тој нема никаква врска со трагичниот чин, но како морален чин си поднесе оставка, рече Рама.

ВИДЕО: Протести низ цела Албанија поради убиството на Клодјан Раша, има и повредени

Во однос на полицаецот кој пукаше во момчето, Рама рече дека тој е во рацете на правдата која треба да одлучи за него, додавајќи дека „ направил дело за кое нема објаснување”.

По пристугнувањето од САД, Рама беше во посета на семејството Раша, кое живее во населбата Лапрак во Тирана, за да изрази сочувство. 

Пред зградата на Владата покрај полицајци со гас маски стационрани се и водени топови, во случај простестите да ескалираат, како и блиндирани возила.

Зградата на Министерството за внатрешни работи, од каде е најавен почетокот на протестот е „блокирана” со железни огради. Во меѓувреме, полицијата ги повика медиумите да го напуштат периметарот, кој се смета за опасен доколку ситуацијата ескалира, како што се случи вчера.

За безбедноста се ангажирани 800 полициски службеници, а на готовс ќе бидат припадниците на специјалните полициски единици и Националната гарда.

Според медиумите, полицијата добила јасни директиви да не потпаѓа на провокации, додека граѓаните се повикуваат да избегнуваат какви било собири, затоа што тоа е забрането во ова време на пандемија.

Ова е втор протест за убиството на младиот Раша, кој бил застрелан пред два дена во близина на неговиот дом, малку време по полноќ, кога во Албанија е полциски час, откако не запрел на предупредувањата од полицијата.

Протестите добија подршка од пратеничката Рудна Хајдари, поранешна демократка, како и од вопарламентарната опозиција.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот