Студентски протест пред Филозофски фалуктет во Нови Сад ФОТО/Принтскрин

ВИДЕО | Протест пред Филозофскиот факултет во Нови Сад

И вечерва граѓани и студенти се собраа пред зградата на Филозофскиот факултет во Нови Сад.

Пред влезот на зградата е построен кордон полицајци, јавува Нова.рс.

Полицијата уште од вторникот престојуваат во зградата на Филозофскиот факултет во Нови Сад, на покана на деканот Миливој Алановиќ, додека кордоните на жандармеријата, користејќи сила, ги спречуваат студентите и професори да влезат на факултетот.

Претходно, во вторник наутро, заедно со десет други наставници и вработени, Алановиќ влезе во зградата на факултетот, ги смени бравите и ги избрка студентите од неа.

ВИДЕО: Нов протест пред Филозофскиот факултет во Нови Сад, полиција распоредена пред зградата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот