Потонат брод/ Фото NOAA/Grand Rapids Press/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

ВИДЕО | Пронајден брод по кој се трагало 129 години

Истражувачите од американската сојузна држава Мичиген објавија дека го пронашле „прекрасно сочуваниот“ потонат брод Ајронтон, чија локација била мистерија цели 129 години, пишува „АП“.

Товарен брод долг 60 метри потонал во 1894 година во езерото Хјурон, во областа наречена „Алеја на потонатиот брод“, откако се судрил со друг брод, и бил откриен во водите на денешниот резерват Тандер Беј, соопшти Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА).

Ајронтон имал седумчлен екипаж. Само двајца ја преживеале катастрофата прилепувајќи се за пловечките остатоци од бродот во ледените води на Хурон, а преостанатите пет морнари, вклучувајќи го и капетанот, загинале иако успеале да се качат на чамец за спасување. Но, во целиот хаос, тие не можеле да го откачат чамецот од бродот. Новите фотографии од дното на езерото, објавени вчера, покажуваат дека чамецот за спасување сѐ уште е прикачен на бродот.

На 26 септември 1894 година, бродот Ајронтон пловел по езерото Хјурон, а поради лошото време и слабадата прегледност, дошло до судир со бродот Охајо, кој превезувал жито.

Во судирот потонале и двата брода. Преоптоварен со товар, Охајо потонал многу побрзо, но сите 16 членови на неговиот екипаж успеале да влезат во чамци и да се спасат на другите бродови кои дошле на помош. Ајронтон, сепак, се оддалечил од видното поле на бродовите што пристигнувале и потонал.

Потонатиот брод во Охајо бил откриен во 2017 година, а потонатиот Ајронтон дури сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот