Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВИДЕО | Трагичната судбина на „Магдалена“ преточена во стиховите на новата песна на Слаткар и Некст Тајм: „Ценете го животот“

Песната насловена „Магдалена“ е новата соработка на Марко Маринковиќ – Слаткар и Некст Тајм, вистинска приказна за трагичниот крај на една млада жена, која Слаткар ја преточи во стихови.

„Дај те молам не плачи, издржи лепото и биди силна, спасот го најде во седатив, не сака да биде депресивна … осаменоста е пекол, ужасно и треба некој“ се пее во песната која за неколку часа собра преку повеќе од 22 илјади прегледи.

Музиката и текстот се на Слаткар, кој го опишува животот на извесна Магдалена, која трагајќи по она за кое сонувала сиот живот се изгубила во лавиринтот на славата, парите и успехот, но наместо да побара помош, таа утехата ја пронашла во антидепресивите, а на крај го загубила и животот.

„Ценете ја жената, ценете го животот“ гласи пораката која момците од Некст Тајм и Слаткар ја испратија до целата јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот