ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, смртта на Навални како повод: Може ли слободата секаде и секогаш да се толкува само на еден начин?

Politikanti

Во најновото издание на Политиканти.мк Сашо Орданоски и Борјан Јовановски разговараа – и се судрија – околу општествениот договор и слободата а повод за разговорот беше трагичната смрт на рускиот опозиционер, кој се претвори во дисидент, Алексеј Навални.

На што се должи поривот да се владее со „цврста рака“ во Русија, но и во многу други земји на светот? Зошто тоа народот го толерира, па дури и го посакува? Како да се разбере „руската душа“ вон западната перспектива? Дали е полесно да се препушти ослободен од слободата да бидеш одговорен за себе и својата иднина? Беа дел од дилемите на кои домаќините ги сопроставија своите тези и мислења во денешното издание на Политиканти.

Навални, човек чија што смрт го потресе секој пристоен човек е беше првата тема на која Орданоски анализираше како овој руски опозиционер живееше и работеше во време на Путин.

– Човек не може да остане индиферентен на една човечка приказна како што беше животната приказна на Алексеј Навални, човекот чијашто смрт го потресе секој пристоен човек на планетата. Тој беше човек кој беше единствениот кој – спротивно на своите интереси – му се спротивстави на Владимир Путин и кој можеше да се смета дека е негов единствен вистински политички соперник што колку-толку можеше да повлече маса луѓе зад себе – истакна Орданоски.

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во овој подкаст зборуваа и за тоа дека во денешна Русија и онака веќе нема опозиција, но традицијата на дисидентството во Русија постои одамна. Според домаќините Навални од опозиционер се претвори во дисидент што во руските контексти има посебно значење.

Дури и неговата смрт е во рацете на државата, во рацете на Путин, со нејзините и неговите постапки. Тој никогаш не бил човек кој би поминал во руската политика, иако изненади со бројот на гласови со градоначалничката кандидатура. Но, сеедно, не смее да има каков и да е противкандидат на Путин, па макар бил и во затвор некаде далеку на Сибир.

Голем чин е што неговата сопруга се согласи да го продолжи неговиот пат. Но, ниту тој ниту таа не можат да го соборат режимот на Путин. Режимот на Путин ќе падне однатре, од круговите што се околу него, а не од самиот народ, беа размислувањата на домаќините на поткастот Политиканти.

Во денешното издание на поткастот меѓудругото стана збор и за како да се разбере „руската душа“ вон западната перспектива, на што се должи поривот за „цврста рака“? но и за многу други глобални теми кои ја интересираат домашната јавност.

Следете „Политиканти“ на „Слободен печат“, ова се само дел од содржините во вечерашната премиера:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот