ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, погрешна математика: Без малите партии можна е изборна победа, но не и Влада

Politikanti

Во денешното издание на поткастот „Политиканти.мк“, Сашо Орданоски и Борјан Јовановски прават преглед на неделата што измина, со некое длабоко претчувство за неделава што следува. Изборите се на прагот, партиите прават свои стратегии водени од свои есапи. Она што е забележливо е дека Ахмети ги интегрира помалите партии од различни помали етнички заедници, додека ВМРО тера национализам, а СДСМ е хронично неефикасен. Зошто е тоа така? Какви ќе бидат последиците и ефектите? Може ли ВМРО-ДПМНЕ на крајот да остане изненадена? – анализираат „Политиканти“.

Реално, ако сакате да прочитате што нудат двете најголеми партии ќе треба да ги надминете „програмските“ трикови – односно програмата на ВМРО-ДПМНЕ е 340 страници, а на СДСМ е недостапна ама ќе ја бидне, како што велат на партиската интернет страница.

Дали некогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од поистоветување на оваа партија со Македонија? Македонија е на македонските граѓани, кои и да се, какви и да се, каде и да припаѓаат етнички или политички, велат „Политиканти“ во својата денешна анализа.

Од анализата на партиските сајтови „Политиканти“ заклучуваат дека: ВМРО е изгубена по „патот“, СДСМ – во времето, а ДУИ – во преводот.

А може ли Македонија да ја реши сама корупцијата, па потоа да влезе во ЕУ или е тоа илузија и демагогија?

Избори викендот имаше и во Турција. На нив загуби Ердоган. Што е тоа што може да се научи од ваквиот исход на изборите? Кои се петте клучни точки кои важат и за кај нас?

За ова и многу повеќе во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“. на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот