ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Љупчо Поповски: Ако (не)официјално се откаже од ЕУ, Македонија ќе назадува

Politikanti

Љупчо Поповски, долгогодишен новинар, уредник и вонреден аналитичар и познавач на состојбите во Европската Унија беше гостин во денешното издание на поткастот „Политиканти.мк“. Бидејќи Борјан Јовановски се јави директно од Брисел со нови „драмски“ моменти од Европскиот парламент, остана Сашо Орданоски заедно со Поповски да ги претресат и тамошните „европцки“, но и тукашните „македонцки“ работи.

Откако Јовановски јави дека се случувала драма во Европскиот парламент при изгласувањето на т.н. Мигрантски пакет со вршење притисоци врз пратеници да го изгласаат, а притоа ја пренесе и веста дека белгискиот премиер објави оти Русија масовно поткупува европратеници, на Орданоски и Поповски не им преостана ништо друго освен да заклучат дека оваа „драма“ сме ја гледале дома.

Друго што е сериозно слично и во европските и во домашните политички текови е јакнењето на крајната десница. Што значи тоа за Европа спроти европските избори? Како ќе се одрази тоа врз нас спроти нашите избори? Може ли Македонија да очекува нешто поповолно за својот европски пат по ова европско гласање? Ќе има ли влијание за нашите европски амбиции претседателствувањето на Унгарија со Виктор Орбан со Унијата од 1 јули?

Ако неофицијално се откажеме од европскиот пат, помислил ли некој за економските последици? Дали ако измена на Уставот е под бугарски диктат, нема да биде под бугарски диктат изјаснување за бугарско потекло за пасош? Поповски вели дека барањата за бугарски пасоши несомнено ќе се удвојат во таков случај.

Аналитички за овие работи и многу повеќе во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“ на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот