фото: realmadrid.com

ВИДЕО | Прекрасен гест на Реал за младиот марокански фан кој го загуби семејството во силен земјотрес

Во септември 2023 година, Мароко беше погоден од катастрофален земјотрес во кој загинаа речиси 3.000 луѓе.

Меѓу безбројните трагедии беше и приказната за Абдерахим Оухида, 16-годишниот Мароканец ги загуби родителите, двете сестри и дедото во катастрофалниот земјотрес.

По земјотресот, Абдерахим беше забележан на телевизија како носи дрес на Реал Мадрид.

Реал Мадрид брзо го забележа тоа и реши да дејствува. Клубот го покани младиот Абдерахим во Шпанија, каде што присуствуваше на натпреварот од Лигата на шампионите со Марсеј, го обиколи „Сантијаго Бернабеу“, па дури и потпиша за академијата.

Абдерахим се сретна со играчите од првиот тим и доби дрес потпишан од секој од нив, вклучувајќи го и претседателот на клубот Флорентино Перез.

Тоа беше гест на солидарност што го потсети светот дека величината на Реал Мадрид не се мери само во трофеите, туку во сочувството и надежта што ја носат надвор од теренот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот