Дојде до судир меѓу домашните навивачи на Лехија Гдањск/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ GRYGIEL

ВИДЕО: Прекинат мечот Лехија – Академија Пандев, нереди на трибините во Гдањск

Вечерва во Полска екипата на Академија Пандев го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на конференции против Лехија Гдањск.

Полјаците ја имаат фаворитската улога во овој двомеч, а „пандевци“ ќе го дадат максимумот да дојдат до поволен резултат.

Вечерва се случи прекин на мечот во осмата минута поради нереди на трибините во Гдањск.

Дојде до судир меѓу домашните навивачи, по што мораше да реагира полицијата, а паузата траеше околу 30 минути, по што продолжи натпреварот.

Лехија води со 1:0 од 17 минута со голот на Флавио Пајшао после асистенцијата на Конрадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот