Ема Стоун - Фото: Alain JOCARD / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Познатата оскаровка шокира со новиот изглед: „Тоа не е Ема Стоун!“

Актерката Ема Стоун предизвика реакции откако се појави на ревијата на „Луј Витон“ за време на Модната недела во Париз.

36-годишната добитничка на Оскар, Ема Стоун, блесна во бел фустан без прерамки и кардиган во иста боја на презентацијата на колекцијата пролет/лето 2026 на Луј Витон, но она што многумина ги збуни беше нејзиниот „нов“ изглед, пишува „Дејли мејл“.

Особено привлече внимание нејзината фотографија на која позира со пејачката и раперката Лиза, поранешна членка на К-поп сензацијата „Блекпинк“. Во коментарите на социјалните мрежи, бројни обожаватели тврдеа дека Ема изгледа сосема поинаку: „Каде е Ема Стоун?“, „Тоа не е Ема Стоун“, „Дали е во програмата за заштита на сведоци?“ – се само дел од коментарите.

Ема Стоун – Фото: Alain JOCARD / AFP / Profimedia

Оваа дискусија доаѓа во време кога актерката со денови е во вестите поради нејзините изјави на Филмскиот фестивал во Телурајд кон крајот на август. Таму, таа го спореди својот нов филм „Бугонија“, во кој игра моќен извршен директор на фармацевтска компанија, со случајот на Луиџи Манџоне, кој е обвинет за убиство на американскиот директор за здравство Брајан Томпсон.

Потоа Ема откри како сличностите помеѓу заплетот на филмот и случајот од реалниот живот длабоко ја вознемирија: „По снимањето слушнавме дека директор на компанија за здравствена заштита е убиен во Њујорк. Дали слушнавте за тоа? Светот е толку застрашувачки небезбеден.“

Филмот „Бугонија“ во режија на Јоргос Лантимос е опишан како „сатирична научно-фантастична црна комедија“, а заплетот ги следи двајца млади мажи кои киднапираат режисерка, сомневајќи се дека таа всушност е вонземјанин кој сака да ја уништи Земјата. Филмот е римејк на јужнокорејскиот наслов од 2003 година „Спасете ја зелената планета!“, а покрај Стоун и Џеси Племонс, во споредни улоги се појавуваат Ајдан Делбис, Ставрос Халкијас и Алиша Силверстоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот