Фото: МИА

ВИДЕО: Пожарот кај село Соколарци никако да се скроти, ветерот прави големи проблеми

Пожарот кај селото Соколарци е сѐ уште активен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека сувата трева гори многу бргу, а ветрот што почнува да дува, го носи огнот на разни страни.

„Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од локалните села, ангажирани се три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, делуваше и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Во секој момент треба да пристигне уште еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, појасни Ангелов.

Тој истакна дека даваат сѐ од себе, пожарот да биде ставен под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот