
ВИДЕО | Поставен кордон трактори околу кампот каде што протестираат студентите кои сакаат да учат, тие одбија да се повлечат пред утрешните масовни протести
Во Белград утре се одржуваат протести организирани од студентите во блокада, односно кои ја бојкотираат наставата со барање за исполнување на нивните четири барања.
Препорачано
Од друга страна, друга група студенти со денови кампуваат во Пионерскиот парк во Белград, велејќи дека сакаат да се вратат на настава во матичните факултети и дека нема да се повлечат од кампувањето во паркот сè до исполнувањето на нивните барања, да продолжи наставата. Се стравува дека утре би можело да дојде до големи немири и судири на конфронтираните страни.
Рано утринава, Пионесркиот парк во Белград, каде што студентите кампуваат веќе неколку дена, осамна опкружен со кордон трактори.
View this post on Instagram
Група студенти кои протестираат во паркот, барајќи прекин на блокадите на факултетите, ќе останат таму на 15 март, за кога е закажан протест на студентите во блокада и граѓаните, најави денеска Милош Павловиќ, претставник на групата „Студенти 2.0“.
Тој рече дека ваквата одлука ја донеле откако го разгледале „секој сегмент“.