
ВИДЕО | Поранешниот на Цеца и мисицата го дознаа полот на бебето: Славење за доаѓањето на новиот член на семејството
Познатиот српски угостител Богдан Срејовиќ и српската мисица Јована Љубисављевиќ стапија во брак пред две недели, а сега открија дека нивното семејство ќе се прошири за уште еден член.
Препорачано
Двојката неодамна ја потврди среќната вест, откако објави фотографии од нивната венчавка. Јована сподели прекрасна фотографија на која Богдан го бакнува нејзиниот стомак, како и првата слика од ултразвукот.

Сега, кога поминаа првите три месеци од бременоста, мисицата ја потврди среќната вест со објава на Инстаграм, но сè до вчера не беше познато дали Богдан и Јована очекуваат момче или девојче.
Јована објави фотографија на Инстаграм со натпис „Бебето е на пат“ и додаде: „Љубовта раѓа љубов“. Богдан го сподели видеото со т.н. забава за откривање на полот, на која може да се види син чад по сечењето на тортата, што значи дека чекаат момче.
Двојката се венча тајно на крајот на јули, што предизвика гласини за можна бременост. По венчавката шпекулациите се засилија, а сега Јована и Богдан и официјално потврдија дека чекаат бебе.
Богдан Срејовиќ е угостител и поранешен партнер на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, додека Јована Љубисављевиќ е поранешна мисица и учесничка на реалното шоу „Задруга“.
Да потсетиме, Богдан Срејовиќ претходно беше во брак со Зорана Тасовац, со која ја доби ќерката Искра. Сега Зорана е во сериозна љубовна врска со пејачот Саша Ковачевиќ.
Јована Љубисављевиќ стекна регионална популарност со нејзиото учество во реалното шоу „Задруга“, каде беше во врска со Стефан Кариќ, еден од најпосакуваните ергени во Белград.
Да потсетиме, Цеца и Богдан раскинаа во 2022 година.
ФОТО | Пукна тиквата: Светлана Цеца Ражнатовиќ му кажа „чао“ на момчето