Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО: Поп благословува „Ауди“ во Софија, на туристи им дојде да се прекрстат

Во снимка која достигна голема популарност на интернет, а се тврди дека е направена деновиве, се гледа како православен свештеник, во службената облека и со отворен молитвеник, благословува автомобил „Ауди“ во Софија, во присуство веројатно на сопственикот на автомобилот. Отворени се хаубата, сите врати и багажникот, што е можеби поврзано со полесното навлегување на Светиот дух во колата.

Сцена е забележана пред препознатливата црква „Св. Николај Чудотворец“ во центарот на Софија, позната и како Руската црква, во која служат свештеници од РПЦ. На несекојдневната глетка ѝ сведочеше двојка, веројатно туристи, кои зачудено гледајќи поминаа покрај „Аудито“.

„Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на „Ауди“ доаѓаат да ги осветат своите автомобили, надевајќи се дека светата вода ќе го реши она што нивниот механичар не може“, пишува во објавата со видеото на „Икс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот