Брутално претепан пијан маж при неговото апсење на аеродромот во Манчестер/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Полицијата во Манчестер брутално претепа пијан маж на аеродром

Полицајците на аеродромот во Манчестер употребиле сила напладне на 29 декември за да уапсат маж за кој било пријавено дека бил пијан и предизвикувал проблеми.

На видеото снимено од очевидец, се гледаат четворицата униформирани мажи како се фрлаат врз мажот и бесно го тепаат додека се чини дека тој реагира за да не му стават лисици.

Очигледно еден од полицајците го згазил мажот по вратот додека во исто време го удирал со тупаница во главата, а друг колега повеќепати го удирал уапсениот во стомакот.

Во жалбата се вели дека тој бил пијан и предизвикувал проблеми бидејќи не му бил дозволен влез во автобус.

Во соопштението, полицијата на Манчестер соопшти дека „свесни сме за загриженоста за употребата на сила“ и додаде дека во тек е истрага која ќе ги процени и видеата снимени од камерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот