Полициски службеник во Сиднеј/Фото: EPA-EFE/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT ATTENTION EDITORS - License plate pixelated by source.

ВИДЕО | Полицијата пронајде караван со експлозив во близина на Сиднеј, осуетен антисемитски напад

Австралиската полиција денеска соопшти дека спречила планиран антисемитски напад откако пронашла караван со експлозив во предградие на Сиднеј во државата Нов Јужен Велс.

Караванот беше забележан на 19 јануари во Дурал, предградие лоцирано 36 километри северозападно од центарот на Сиднеј, изјави полицискиот комесар Дејвид Хадсон за време на прес-конференција.

„Овој караван содржеше количество експлозив и некои индикации дека експлозивот можеби бил користен во некаква форма на антисемитски напад“, рече тој на прес-конференцијата.

„Заканата е целосно елиминирана и веќе нема никаква опасност за еврејската заедница“, додаде тој.

Хадсон рече дека биле извршени апсења, но не откри колку луѓе се уапсени или под кои обвиненија.

Во Австралија се случија низа антисемитски инциденти во последниве месеци со напади на синагоги, згради и автомобили од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас кон крајот на 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот