Фото Твитер принтскрин

ВИДЕО | Полицаец загина во експлозија во Мелитопол

Силна експлозија утрово одекна во Мелитопол, кој е под руска окупација. Според руските медиуми, во експлозијата загинал еден полицаец.

Загинатиот полицаец наводно пребегнал на руска страна откако Русија го окупираше Мелитопол.

„Денеска околу 5 часот и 15 минути се случила експлозија во влезот на станбена зграда во Мелитопол. Експлодирала непозната експлозивна направа. Во таа прилика се повредени двајца полицајци, кои се хоспитализирани, а еден од нив наводно починал подоцна“, се вели во соопштението на Генералната управа на руското МВР за регионот Запорожје, како што пренесува РИА Новости.

Специјалните служби ги утврдуваат сите околности на инцидентот, наведуваат тие.

Русија го презема Мелитопол уште од референдумот во септември 2022 година, но Украина и Западот не ги прифатија резултатите од тој референдум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот