Фото: Катимерини

ВИДЕО | Појадок заврши во костумот на европратеникот Белери, гаѓан е со јајца и јогурт откако излезе од парламентот во Тирана

Пратеникот во Европскиот парламент, Фреди Белери кој беше градоначалник на јужната албанска општина Химара, гаѓан е со јогурт и јајца при излегување од албанскиот парламент во Тирана.

Белери според медиумите од Албанија бил гаѓан од активистот, Дилавер Нел, обвинувајќи го дека е одговорен за вооружениот напад врз албанската воена база во 1994 година, кога биле убиени двајца албански војници.
https://youtu.be/nhJVJDQlkds?t=13

Белери престојува во Тирана како дел од групата европратеници кои денеска и утре ќе одржат средби во главниот град во рамки на 18. состанок на парламентарната комисија за стабилизација и пристапување на Албанија во Европската Унија.

Фреди Белери, етнички Грк, избран на почетокот на 2023 година за градоначалник на албанскиот град Химара, во јуни оваа година, додека ја издржувал казната во албански затвор, дознал дека бил избран и за грчки член на Европскиот парламентот од редовите на владејачката Нова демократија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот