Фото: Marko Pejcinovski/FB

ВИДЕО | Подвиг за почит: Марко го заврши „Ајронмен“ триатлонот долг 107 километри!

Марко Пејчиновски вечерва успешно го заврши својот модифициран „Ајронмен“ триатлон кој беше во должина од вкупно 107 километри, а се состоеше од трчање, возење велосипед и пливање.

Предзвикот Пејчиновски го започна изминатата ноќ со трчање од Св. Наум до Струга, потоа од таму со велоссипед се врати до Св.Наум каде што го започна последниот дел, пливањето до Охрид.

Трчањето од 42.2 километри Марко го заврши за време од 7 часа и 47 минути. За возењето од Струга назад до Св. Наум му беа потребни два часа и 33. минути.

Како и што се очекуваше најтешкиот предизвик беше последниот дел, пливањето за кое му беа потребни девет часа и 29 минути.

Пејчиновски пред почетокот предизвикот во својата најава истакна дека сето ова го прави во потрага по желба за живот.

„Можеби се прашувате зошто го правам ова? Целта е потрага по желба за живот. Пред 1 година бев загубен по патот на животот, како и многу други. Со ова сакам да им покажам и да ги инспирирам дека има подобро утре. Со вера во Бога и упорност ќе успеете“, пораача младиот Марко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот