
ВИДЕО | Подмладете се со петминутната јапонска масажа на лицето која ги измазнува брчките и ја затегнува кожата
Јапонецот Чијо Хајаши развил специјална техника за масажа на лицето која помага да се вратат коските на черепот во првобитната положба и ја подобрува микроциркулацијата во ткивата на лицето. Се работи за Коруги масажата, пренесува „Bright Side“.
Препорачано
Оваа масажа, меѓу другото, ги отстранува знаците на умор од лицето и подочниците, а лицето го прави посветло. Кожата станува поеластична, што придонесува за отстранување на длабоките брчки, додека тенот е многу поубав поради стимулацијата на циркулацијата.
Сè што ви треба за оваа масажа е масло за масажа и огледало. Правете ја еднаш неделно, а движењата и притискањата треба да бидат силни, но без да предизвикуваат болка. Избегнувајте ваков тип на масажа доколку имате рани на лицето, хронични кожни заболувања, нарушувања на лимфниот систем или ако имате болести на увото, грлото и носот.
Еве како да ја направите Коруги масажата на лицето:
-Ставете ги лактите на масата, стиснете ги дланките во тупаници и потпрете ги на образите така што прстите да бидат свртени кон лицето. Опуштете ги мускулите и останете во оваа положба пет секунди.
-Наведнете ја главата малку наназад и притиснете го челото со тупаница, на делот каде што се спојува со косата, а акцентот на притисокот нека биде на средниот прст. Полека движете ги рацете кон слепоочниците и ушите, долж линијата на косата. После тоа, нежно движете ги дланките надолу по вратот сè до клучната коски.
-Преплетете ги прстите, а палците нека останат исправени, бидејќи ќе ви бидат потребни за масажа. Врвот на десниот палец ставете го под левото око, во близина на носот и нежно притиснете кон ушите. Масирајте по вратот до клучната коска и повторете го последниот дел од вежбата двапати. Потоа направете го истото од другата страна на лицето, овој пат со врвот на левиот палец.
-Стиснете тупаници и поставете ги средните зглобови на прстите малку над веѓите и повлечете ги нагоре кон линијата на косата. Вратете се до веѓите без да ја допирате кожата и повторете ја вежбата додека не го покриете целото чело.
-Подигнете ги веѓите и стиснете тупаница, а потоа лизгајте ги средните зглобови на показалецот и средните прсти по линијата на веѓите од средината кон ушите, така што веѓите се во средината, помеѓу тие два прста.
-Направете тупаница така што показалецот и средниот прст да се испакнат бидејќи се потребни за масажа. Користете ги за да ја притиснете кожата на брадата во делот под аглите на усните, а потоа силно повлечете ги прстите кон слепоочниците. Повторете 7 до 8 пати.
-Врвот на прстите од двете раце ставете ги на средината на челото и повлечете ги лево-десно преку челото – кон слепоочниците. Потоа полека лизгајте ги прстите од образите преку вратот до клучните коски.