Изгоре домот на гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Подметнат пожар во домот на гувернерот на Пенсилванија, едно лице е уапсено

Гувернерот на Пенсилванија нуди награда од 10.000 долари за информации што ќе доведат до истрага за подметнувањето пожар што се случи во неговата куќа. Џош Шапиро, неговата сопруга и неговите четири деца биле во домот во моментот на подметнувањето на пожарот.

Полицијата објави дека уапсила осомничен за „потпалување“ и „тероризам“ откако интервенирала – заедно со противпожарната служба – ноќе во домот на Џош Шапиро, истакната личност во Демократската партија во САД.

Демократот, кој често се рекламира како иден кандидат за Белата куќа, рече дека се разбудил среде ноќ за да открие дека властите работат на евакуација на куќата и гаснење на пожарот што се шири.

Резиденцијата на гувернерот на Пенсилванија во Харисбург, е куќа во џорџиски стил од 29.000 квадратни метри, изградена во 1968 година и во неа биле сместени осум гувернери.

Пожарот бил изгаснат, но не пред да „предизвика голема штета на дел од резиденцијата“, објасни тој.

За време на прес-конференција, истиот извор објави дека е уапсен 38-годишен маж по име Коди Балмер, осомничен дека упаднал во резиденцијата опремен со импровизирана запалива направа. Локалниот обвинител Фран Чардо рече дека ќе се обиде да го гони осомничениот за отежнато подметнување пожар, тероризам и тежок напад врз лице кое има јавна функција.

Противпожарната служба интервенирала околу 02:00 часот по локално време во неделата. Шапиро преку Икс пријавил дека го разбудило „чукање на вратата“ од страна на полицајци, а потоа го зел семејството и тие излегле надвор. „Фала му на Бога, нема повредени и пожарот е изгаснат“, додаде тој.

Шапиро беше избран за гувернер на Пенсилванија во 2022 година, кога го победи екстремно десничарскиот кандидат поддржан од Доналд Трамп.

„Овој тип на насилство стана премногу вообичаен во нашето општество и без разлика од каде доаѓа, дали од едната или од другата страна, мора да престане“, истакна тој пред новинарите.

Џош Шапиро, гувернерот на источната држава Пенсилванија, често се споменуваше минатата година за време на партиската потрага по нејзиниот потпретседателски кандидат, пред Камала Харис – која го избра Тим Волш, гувернерот на Минесота – да доживее тежок пораз на ноемвриските избори од Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот