Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

ВИДЕО | Победи на Манчестер сити и Челси во англискиот Лига куп

Eкипата на Челси како да влегува во победнички ритам, па по подолго време лондонскиот клуб успеа да врзе три победи во низа, две во Премиер лигата (Вест Хем и Вулверхемптон) и една вечерва во Лига Купот против нисколигашот Бароу со убедливи 5:0.

Вечерва Енцо Мареска настапи со комплетно нов состав и ги смени сите 11 играчи од натпреварот со Вест Хем, сепак тоа на теренот не се почувствува бидејќи Челси постигна пет гола.

Нкунку во првите 20-тина минути постигна два гола, потоа Фeликс постигна убав погодок за 3:0, четвртиот гол беше дело на Нето за конечните 5:0 да ги постави Нкунку кој комплетираше хет-трик.

Во следното коло се пласираше и Манчестер Сити кој со 2:1 го совлада Вотфорд. Стрелци за „граѓаните“ беа Доку и Нуњеш, додека за Ватфорд во листата на стрелци се запиша Инс.

Во останатите два натпревари Астон Вила со 1:2 беше подобра од Векомб, а Лестер на пенали го елиминираше Валсал откако претходно не видовме погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот