фото: принтскрин/instagram.com/djokernole

ВИДЕО: По инцидентот со шишето, Ѓоковиќ на тренинг со кацига во Рим

Новак Ѓоковиќ во петокот по мечот со Корентан Муте беше удрен со шише во главата, а во саботата на тренинг се појави со кацига.

По првото коло, во кое беше слободен, српскиот тенисер во второто го совлада Французинот на мастерсот во Рим, Италија.

Тој триумф остана во втор план поради инцидентот што се случи по мечот, кога Србинот беше удрен со шише во главата.

Кога се приближи до трибините за да им даде автограми на навивачите при излегувањето во соблекувалната, што го прави по секој меч, од гледалиштето над него на главата му падна шише.

Најдобриот светски рекет на социјалните мрежи објави дека е добро, и дека станува збор за несреќен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот