Фото: KEEGAN BARBER / UPI / Profimedia

ВИДЕО | По 9 месеци престој во вселената американските астронаути се вратија на Земјата

Двајца американски астронаути се вратија на Земјата откако беа заглавени на Меѓународната вселенска станица (ISS) повеќе од девет месеци поради технички тешкотии на нивното летало.

Сунита Вилијамс и Буч Вилмор ја напуштија Меѓународната вселенска станица со вселенското летало „Драгон“ на Спејс Икс, рано во вторникот, а американската вселенска агенција директно го пренесуваше нивното заминување од станицата, пренесе „Ројтерс“.

Вилмор и Вилијамс, двајца ветерани астронаути на НАСА и пензионирани пробни пилоти на американската морнарица, лансираа во вселената како прв екипаж на Старлајнер во јуни за она што се очекуваше да биде осумдневна пробна мисија. Но, проблемите со погонскиот систем на Старлајнер доведоа до каскадно одложување на нивното враќање дома, што кулминираше со одлуката на НАСА да ги вклучи во распоредот за ротација на екипажот и да ги врати на леталото „Драгон“ оваа година.

Во придружба на американскиот астронаут Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, тие слетаа во морето во близина на брегот на американската сојузна држава Флорида по 17-часовно патување.

Хејг и Горбунов пристигнаа на Меѓународната вселенска станица во септември со вселенското летало „Драгон“ со празни места за Вилијамс и Вилмор.

Педесет и девет годишната Вилијамс и 62 годишниот Вилмор претходно биле во неколку наврати во вселената и важат за искусни астронаути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот