Дмитриј Песков/ Фото Mikhail Japaridze / TASS / Profimedia

ВИДЕО | Песков за Скај: Нема шанси Путин да заврши на суд

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков вечерва даде интервју за британски Скај. За време на интервјуто, тој негираше дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, на што новинарот Марк Остин го праша дали Русија ќе соработува со истрагата на Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во Украина.

Песков одговори дека Русија не го поддржува и не го признава Меѓународниот кривичен суд, додавајќи дека „Русија не е единствената земја во светот што го прави тоа“.

„Ние сме заинтересирани за независна и објективна истрага за сите злосторства“, рече Песков, додавајќи дека Русија „сака да знае каков ќе биде форматот на таква истрага бидејќи имаме горчливо искуство со меѓународните истраги“.

Новинарот потоа го праша дали Владимир Путин е загрижен дека може да заврши на суд.

„Не, не е. Не гледаме никакви шанси тоа да се случи“, рече Песков.

„Русија загуби многу животи во Украина“

Тој рече дека историјата на Украина се променила во 2014 година за време на, како што го нарече „нелегалниот пуч“.

„Украина стана антируска, сè што се случи во Украина потоа беше насочено против нашата земја“, рече Песков, додавајќи дека Русија „со децении била загрижена за сопствената безбедност“.

Запрашан од новинарот дали војната се покажа како понижување за Русија со оглед на бројот на загинати војници, тој рече: „Не, тоа е погрешна слика за тоа што се случува“. Но, тој веднаш призна: „Имаме значителна загуба на војници. Тоа е огромна трагедија за нас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот