ВИДЕО: Пеш, на велосипед и со трчање, студентите по неколку дена стигнаа во Крагуевац

На преполниот плоштад „Слобода“ во центарот на Крагуевац се приредува спектакуларен пречек на студентите кои со денови пешачеа, возеа велосипеди и трчаа за да учествуваат на утрешниот голем митинг и блокада, на верскиот празник Сретение. Во центарот на тој град пристигнаа студенти кои тргнаа од Ужице, Горњи Милановац, Чачак, Краљево, Нови Пазар, Белград и Нови Сад. Пристигнаа и велосипедисти и маратонци кои утрово стартуваат пред храмот Свети Сава во Белград. Се очекуваат и студентите од Ниш, објави Нова.рс.

Група средношколци во Ниш, нивните родители и професори се собраа на раскрсницата кај Основниот суд, а потоа тргнаа на протестна прошетка до Управата на училиштето, како поддршка на студентите кои ги блокираат факултетите, јавува Јуроњуз Србија, повикувајќи се на Танјуг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот