Пен Беџли, Домино Кирко - Фото: EPA/SARAH YENESEL

ВИДЕО | Пен Беџли и неговата сопруга добија близнаци

Ѕвездата на серијата „Ти“, актерот Пен Беџли (38), на Инстаграм објави дека тој и неговата сопруга, пејачката Домино Кирке, добија близнаци. Тој го криеше раѓањето на децата од јавноста, но сега во видео на Инстаграм рече дека морал да „го прекине татковското отсуство за близнаците“.

„Го прекинувам татковското отсуство само за да најавам настан во живо на 14 октомври во Њујорк за поддршка на објавувањето на нашата книга „Крашмор“. Навистина сум горд на ова. Ве молам, погледнете“, напиша тој во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Penn Badgley (@pennbadgley)

Тие се родители на четири сина

Актерот ја напиша книгата „Крашмор“ со своите ко-водители од емисијата „Подкраш“, Нава Кавелин и Софи Ансари.

Во снимката, Беџли шепоти додека го најавува настанот во живо, пред да ја насочи камерата кон стапалата на едно од неговите новороденчиња.

„Има мали бебешки стапала. Не сакам да ги разбудам“, вели тој во снимката.

Пред доаѓањето на малите, Домино, 41, објави фотографија од својот стомак на својата Инстаграм приказна. Покрај близнаците, двојката има и 4-годишен син, а Домино има син, Касиус, 16, од претходна врска.

Тие се заедно 11 години

Зборувајќи за „Access Hollywood“ на црвениот тепих за премиерата на последната сезона на „You“ на Нетфликс, актерот рече дека тој и неговата сопруга чувствуваат притисок добро да ги воспитаат своите деца.

„Имаме четири сина. Искрено го мислам ова и звучи банално, но на светот му требаат повеќе добри мажи, па знаете, притисокот е врз нас да ги одгледаме добро“, рече тој во тоа време. Претходно рече дека нивниот 4-годишен син е возбуден што ќе стане постар брат.

Пен и Домино почнаа да се забавуваат во 2014 година и се венчаа во 2017 година. Пред неа, актерот беше во врска со Блејк Лајвли, а потоа и со актерката Зои Кравиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!