Шведската група „АББА“ на Изборот на песна за Евровизија / 9 февруари 1974 / Фото: LINDEBORG / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Педесет години од победата: „АББА“ открија дали ќе настапат на Евровизија следната година

Шведската поп-група „АББА“ важи за најуспешен евровизиски победник во историјата на музичкото натпреварување. Следната година ќе биде одбележана педесетгодишнината од нивната победа на Евровизија со песната „Waterloo“ (1974), па многумина се прашуваат дали тоа ќе биде повод за нивно повторно обединување на евровизиската сцена.

Во интервју за „Би-би-си“, машките членови на групата – Бјорн Улвеус и Бени Андерсон ги минимизираа шансите за нивно појавување на Евровизија, и покрај тоа што Шведска ќе биде земја домаќин на следното издание на фестивалот. Како потсетување, шведската претставничка Лорин, која настапи со песната „Tattoo“, е годинашната победничка на Евровизија.

„Не сакам. А, ако јас не сакам, нема ни другите. Истото важи за сите четворица. Ако некој каже не, тоа значи – не“, изјави Андерсон.

Улвеус додаде дека „тие можат да ја прослават педесетгодишнината од ‘АББА’ без да бидат на сцената“.

„АББА“, во која членуваа Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад, е една од најпознатите групи во историјата на поп-музиката, достигнувајќи го врвот на топ-листите во целиот свет, од 1972 година до 1982 година.

Тие ѝ ја донесоа првата победа на Шведска во историјата на Евровизија, станувајќи најуспешната група која некогаш учествувала на тој натпревар.

Музичката група „АББА“ / Фото: ČTK / Profimedia

„АББА“ има продадено околу 370 милиони плочи низ целиот свет и сè уште се продаваат милиони годишно, што ги прави едни од најпродаваните музички уметници на сите времиња.

Таа е првата поп-група која дошла од неанглиско говорно подрачје и која ги усвоила топ-листите во земјите на англосферата: Велика Британија, Ирска, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка. Групата исто така, имала значителен успех на пазарите во Латинска Америка и многу нивни хитови се снимени на шпански јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!