Церемонија во Ватикан за прием на нови гардисти/Фото: ALESSIA GIULIANI/IPA / Sipa Press / Profimedia

ВИДЕО | Папата Лав XIV ги благослови новите гардисти од швајцарската папска гарда

27 нови гардисти на Папската швајцарска гарда вчера положија заклетва за верност на церемонија во Апостолската палата на Ватикан, објави Ватикан њуз.

За прв пат по 57 години, на церемонијата лично учествуваше сегашниот папа Лав XIV. Тој ги повика младите гардисти да бидат пример преку своите зборови и дела, преку чесност, солидарност и меѓусебно почитување.

Папата ги благослови гардите, нивните семејства и пријатели. Последниот пат кога папата Павле VI учествуваше на таква церемонија беше во 1968 година. Папската швајцарска гарда е најстариот сè уште активен воен корпус во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот