Тина Русева - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Овации и неверување: Македонката Тина Русева со својот настап го воодушеви жирито на „Д Војс“ во Германија

Малите соништа често стануваат големи приказни. Токму така започнала и музичката бајка на талентираната струмичанка Тина Русева која успеа да одговори на предизвикот и да ги воодушеви сите членови на жирито, со настапот на престижното музичко шоу „Д Војс“ во Германија (The Voice of Germany).

Тина веќе на 12 години го негува својот талент, а еден од нејзините првите успеси е второто место на престижниот меѓународен фестивал „Славјански Базар“ во Белорусија. Тој успех бил само навестување за патот што ќе го изоди.

Денес, Русева не е само пејачка, таа е симбол на истрајност и на љубов кон музиката. Со секоја изведба го носи духот на Македонија и гордоста на Струмица.

Нејзиниот глас кој одекна на германската сцена и ги воодушеви светските ѕвезди не е само победа, тоа е остварување на нејзиниот сон и можност многумина да уживаат во нејзиниот голем талент во иднина.

Доколку го немате слушнато настапот кој доби најмногу овации на најголемото музичко шоу во Германија, уживајте во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот