Фото: JEAN CHRISTOPHE MAGNENET / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Вреди како 10.000 килограми злато: Ова е најскапата куќа на светот, сопственикот е Украинец

Вилата „Les Cèdres“ на француската ривиера е една од најскапите куќи на светот. За цената на оваа 190 години стара вила што се протега на 35 хектари земја, (во времето кога сопственикот ја купил), можело да се купат 10.000 килограми злато, 100 најскапи јахти во светот и 50 најскапи автомобили на светот.

Оваа велелпна вила на пазарот ја ставил во 2017 година Davide Campari Milano од групата Кампари, а во 2019 Ринат Ахметов, милијардер од Украина, ја купил за 220 милиони евра. Во меѓувреме вредноста и пораснала.

Вилата „Les Cèdres“ била изградена за кралот на Белгија уште во дамнешната 1830 година. Нејзината светла боја на лосос и песок зборува за династијата – бидејќи ваквите нијанси биле под влијание на Кралството Сардинија кое владеело во тоа време.

Куќата е со големина од неверојатни 1.700 квадратни метри и има 14 спални соби, базен со олимписка големина, библиотека со дрвена облога која содржи 3.000 книги за флората и натурализмот (вклучувајќи го и изданието на ботаничкиот кодекс од 1640 година), вештачко езерце со амазонски кринови, бронзена статуа на Атина, сала за бал осветлена со лустери, големи дневни соби, портрети од 19 век во раскошни рамки и неверојатни дрвени изработки.

Стеблата, сами по себе, вредат цело богатство. Освен бројните луксузи, самата локација на вилата „Les Cèdres“ покрај брегот на Saint-Jean-Cap-Ferrata доволно зборува за нејзината грандиозност. Нејзините највисоки точки нудат поглед на Villefranche-sur-Mer, мост со вијадукт, во близина на средновековниот град Eze Village, и далеку на исток, прекрасните Алпи кои ги делат Франција и Италија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот