ВИДЕО | Онколог снимил и покажал колку брзо растат клетките на ракот

Докторантката по онкологија, Софи Вилијамс, во својата лабораторија во Нотингем го снимила застрашувачкиот раст на тројно-негативни клетки на рак на дојка во вештачка средина.

Видеото во кое таа покажува колку брзо се шират клетките на ракот на дојката, го погледнале 7,4 милиони луѓе, а повеќето од нив биле запрепастени од она што го виделе.

@philosophieeeee

Let me show you how fast cancer can grow? – DISCLAIMER, not all cancers grow at the same rate at these. The cells are also in an artificial environment and does not fully represent growth in the human body?

♬ original sound – Dreamysolartune

Вилијамс истражувала колку брзо растат малигните клетки при различни третмани во околината. Имала намера да го истакне процесот на раст на клетките на ракот, да едуцира и да ја подигне свеста кај корисниците, но нејзиното видео стана вирално. Таа е шокирана од интересот и поддршката што видеото им ја донесе на многумина кои страдаат од оваа малигна болест, објави The Sun.

На видеото се гледа како Софи ги гледа клетките на ракот под микроскоп на првиот, вториот, третиот и четвртиот ден.

Првиот ден бројот на клетките е мал и тие имаат кружен облик. Клетките, исто така, сè уште немаат развиено други структури.

„Веќе вториот ден, клетките почнуваат да развиваат вретенести структури и почнуваат брзо да растат. Третиот ден, вретенестите структури изгледаат позабележително. Во овој момент, клетките почнуваат да се удвојуваат, а четвртиот ден почнуваат да се поврзуваат со помош на ѕвездести проекции“, објаснила Вилијамс.

„Со цел да се избегне конфлуенција, односот на состојбата во која клетките достигнуваат висока густина и се натпреваруваат за простор, ги префрлив во ново шишенце“, рекла таа, додавајќи:

„На некои гледачи видеото им беше интересно и уживаа во него. Исто така, поставуваа многу прашања, поради што ми е мило што луѓето размислуваат за тоа. Други ми пишуваа дека тоа што го виделе е страшно, што е разбирливо. Меѓутоа, понекогаш е важно да се споделуваат вакви работи за луѓето да не ги затвораат очите пред ракот. Многу е важно да направите скрининг ако имате и најмало сомневање

„Ова објаснува зошто мојот тумор порасна од грутка со големина на грашок до големина на топче за голф за еден месец!, е еден еден од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот