Алек Болдвин и Халина Хачинс / Фото: Профимедиа

ВИДЕО | По три години објавен трејлерот за „’Рѓа“: Ова е филмот на Алек Болдвин на чиј сет беше убиена Халина Ханчис

На платформата „Јутјуб“ официјално е објавен трејлерот за филмот „’Рѓа“ на Алек Болдвин кој доби трагичен пресврт за време на снимањето откако снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза се здоби со повреди.

Дејството се одвива во Канзас во 1880-тите, филмот го следи сиракот Лукас Мек Калистер (Патрик Скот Мек Дермот), кој „случајно убива ранчер и е осуден на бесење“.

Во пресврт на судбината, неговиот отуѓен дедо, озлогласениот одметник Харланд Руст (Болдвин), го спасува од затвор и заедно бегаат кон Мексико. Додека бегаат низ дивината, тие мора да се скријат од американскиот маршал Вуд Хелм (Џош Хопкинс).

Трејлерот првпат беше споделен од магазинот „Пипл“, кој објави дека филмот ќе биде достапен од 2-ри мај во одредени кина и на дигиталните платформи. Продукцијата на филмот беше завршена во 2023 година.

Смртта на Хачинс на снимањето во октомври 2021 година доведе до тоа Болдвин да биде обвинет за убиство од небрежност, но случајот беше отфрлен во јули минатата година со образложение дека обвинителството не презентирало докази.

Меѓутоа, Хана Гутиерез Рид која беше задолжена за оружјето на сетот, отслужува 18-месечна казна за смртта на Хачинс, откако е утврдено дека во пиштолот на Болдвин бил ставен вистински куршум.

Филмот „’Рѓа“ првпат беше премиерно прикажан на полскиот фестивал во ноември, а присуствуваа режисерката Соуза и Бјанка Клајн, која го презеде снимањето по смртта на Хачинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот