Фото: Screenshot

ВИДЕО: Одбојкар во Турција збесна – му ги одзема картоните на судијата

Неверојатна сцена ни пристигнува од турската одбојка каде што во плеј-оф натпреварот помеѓу екипите на Халкбанк и Спорт Тото видовме ситуација каква што не се гледа често во одбојката.

Имено, одбојкарот на Халкбанк, Жоанди Леал незадоволен од неколку судиски одлуки прво саркастично почна да аплаудира и да дофрлува до главниот арбитар кој му покажа црвен картон.

Во тие моменти место да се смири и да замине во соблекувалната, Леал одлучи да ги земе картоните од  судијата поради што сигурно го чека дополнтелна суспензија.

Кога е конечниот резултат во прашање на крајот екипата на Спорт Тото славеше победа од 3-2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот