Илустрација / Фото: Pexels / Liliana Drew

ВИДЕО | Од само неколку состојки: Направете спреј благодарение на кој повеќе нема да морате да ја пеглате облеката

Пеглањето алишта е тешко и одзема многу време за многу луѓе, но добрата вест е дека користејќи само неколку состојки можете да направите спреј кој ќе ја елиминира потребата од користење на пегла.

Имено, потребни ви се две чаши вода, една лажичка алкохолен оцет и една лажичка регенератор за коса. Измешајте ги овие состојки во шише и испрскајте ја изгужваната облека. Откако ќе го испрскате, исправете ги алиштата и закачете ги пет минути за целосно да се исправи.

Шантел Мила Иботсон го сподели видеото на Инстаграм, а многу корисници на оваа социјална мрежа во коментарите навеле како овој трик навистина им помогнал.

„Само што заштедив часови и часови време“; „Десет капки масло од лаванда наместо регенератор за коса исто така делува добро“; „Нема поомразена активност од пеглање. Ви благодарам“, се дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот