EPA-EFE/LUKAS COCH

ВИДЕО | Од проблеми со повреда до расправија со пијан навивач: Ѓоковиќ прескокна уште една пречка во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ помина уште една пречка на Австралија Опен откако денес со 3:1 (6-1, 6-7, 6-2, 6-0) во сетови беше подобар од Енцо Куако.

Ѓоковиќ денес не блескаше имаше проблеми и со повредата на задната ложа, па повика и медицински тајм-аут во вториот сет. Сепак, подоцна успеа да се издигне и да го совлада ривалот.

Во текот на натпреварот Ѓоковиќ беше мета и на неколку пијани навивачи кои беа исфрлени во четвртиот сет од страна на обезбедувањето.

„Овој навивач е мртов пијан и ме провоцира цел натпревар. Што ќе направиш ти да го избркаш од арената. Навистина не е во ред цел натпревар ме провоцира“, се пожали Ѓоковиќ во еден момент.

За место во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против Григор Димитров од Бугарија кој претходно беше подобар од Ласло Ѓере. Инаку, досега на Австралија Опен видовме елиминации на Рафаел Надал, Каспер Руд, Александар Зверев и Баутиста-Агут, па така Ѓоковиќ има големи шанси да стигне до 10-тата титула на Австралија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот