ВИДЕО | Новото лице на македонската музичка сцена Филип Александровски го промовираше своето првенче

Ново лице на македонската музичка сцена кое ќе го гледате и слушате во иднина е младиот и талентиран пејач Филип Александровски, кој денеска ја објави својата прва песна со наслов „Заблуда“. Музиката и аранжманот се на Димитар Андоновски, а текстот на извонредната Магдалена Ена Цветкоска.

„Соработката со Димитар и Магдалена на мојата прва песна беше исклучително важна за мене. Нивната професионалност и креативност беа клучни за создавање на ваков уникатен музички проект. Заедно со спонтаност и инспирација, ја создадовме песната која веќе предизвика позитивни реакции. Во иднина, планираме да продолжиме со соработка, развивајќи нови музички идеи и проекти кои ќе ги изненадат моите слушатели. Нашата цел е да создаваме македонска музика која ќе допре до срцата на луѓето“, вели младиот Филип.

„Заблуда“ доби и видеоспот, на кој како режисер се потпишува Алек Тасевски од „Либеро бенд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот