Фото: Инстаграм/Тамара Волческа

ВИДЕО | Ново музичко парче: Тамара Волческа ги преточи своите најтешки мигови во песната „Херој“

Македонската пејачка Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна „Херој“, а која сними и видеозапис. Спотот е снимен на неколку локации, под режисерска палка на пејачката Ивона Јовановиќ, позната како Ивона Јо.

Волческа се прикажа во едно ново руво, сосема поразлична од она што досега сме навикнале од неа.

„Херој“ е брза и енергична песна која ја враќа надежта во едноставните дела кои внесуваат задоволство и оптимизам во животот.

„Херојот е Тамара која се обидува да се спаси сама себе во периоди кога била мала и незаштитена. Пораката на овој проект е сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до нашиот успех, како што токму тоа го прави Тамара на крајот од видеото, каде што си дава аплауз сама на себе“, гласи описот на видеозаписот.

Самата Волческа е авторка на текстот, а музиката е дело на Дамир Пух и Наташа Миха.

Модната стилистка Ива Спасовска, како и Афтентика се погрижија за изгледот на пејачката во спотот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот