Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Њујорк не се откажува, ќе игра за мајсторка против Индијана
Кошаркарите на Њујорк никс не дозволија да бидат елиминирани и изминатата вечер на свој терен славеа со 111-94 против Индијана и во следниот натпревар ќе се борат за мајсторка во битката за големото финале.
Препорачано
Одличен од почетокот на натпреварот беше Џејлен Брансон и ја заврши првата четвртина со 14 поени. Њујорк поведе со 6-0 и оттогаш не го изгуби водството, градејќи стабилна предност која во третата четвртина достигна и 22 поени, па така уште во тие моменти беше решено прашањето на победникот.
Брансон средбата ја заврши со 32 поени, додека Карл-Ентони Таунс имаше одличен настап со 24 поени и 13 скокови. Најпрецизен кај Пејсерс беше Бенедикт Матурин со 23 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
Следниот дуел е закажан за викендот, во ноќта меѓу сабота и недела, кога серијата се сели назад во Индијанаполис. Никс ќе имаат шанса да изборат „мајсторка“ и да се вратат дома за одлучувачкиот седми натпревар.
Во меѓувреме, Оклахома веќе го обезбеди своето место во големото НБА финале откако ја совлада Минесота со 4-1 во серијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
2мин
-
8мин
-
15мин
-
23мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5