Фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

ВИДЕО | Никола Станишиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“: Талентираниот Македонец им оддаде почит на жртвите од пожарот во Кочани

Никола Станишиќ од Скопје победи на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Со 138 714 гласови, ласкавата титула му припадна на талентираниот Македонец кој беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.

Победата со многу емоции и солзи во очите тој ја прослави на сцената со песната „Бисер балкански“ и со македонското знаме.

Победничката статуа му ја додели Сузана Јовановиќ, сопругата на покојниот Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Поповиќ во спомен на ликот и делото на човекот кој ја создаде најголемата музичка империја на Балканот и ја основа „Ѕвездите на Гранд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Покрај признанието и статуата, Никола беше награден и со автомобил „фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во неговата понатамошна кариера.

– Им благодарам на мојата Македонија и на мојата менторка – рече победникот на осумнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Инаку, Никола скоро во целиот тек на натреварувањето пееше македонски песни, а еден од најтрогателните моменти од финалето беше кога тој ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од групата „ДНК“ и го посвети својот настап на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот