
ВИДЕО | Никогаш не е доцна за авантура: На 106 години повторно го собори рекордот за најстар човек кој скокнал со падобран
Алфред „Ал“ Блашке од Тексас, САД ја врати титулата „најстар човек на светот кој скокнал со падобран“, откако скокна од авион на 106 години и 327 дена, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Тој за првпат влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2020 година, кога скокна од 4.260 метри за да го прослави дипломирањето на своите внуци. Алфред тогаш имаше 103 години.
„Тоа беше мојот сон. Никогаш не мислев дека ќе бидам овде толку долго“, изјавил Алфред.
Потсетуваме, неговиот рекорд го собори Дороти Хофнер (104) од Чикаго, која по кратко време почина во дом за стари лица. Претходно, титулата ѝ припадна на Швеѓанката Рут Линеа Ингегард Ларсон која скокна на 103 години и 259 дена.

Но, Алфред на 106 години и 327 дена успеа да ја врати титулата и се искачи со авион на околу 2800 метри со Грег Абот, гувернерот на Тексас. Абот го запознал Алфред кога го постигнал својот прв рекорд и ветил дека ќе учествува во неговиот следен обид.
„Ако мислите дека не можете, само се потценувате себеси. Секој е поспособен отколку што мисли. Само треба да донесете одлука за да се обидете“, гордо се обратил Алфред на толпата, вклучувајќи ги и неговите деца, внуци и претставници на медиумите.