Тајчи на Евровзија 1990 година и сега / Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

ВИДЕО | Неверојатно, исто ѝ стои! Тајчи го облече фустанот од 1990 година од Евровизија и ја испеа „Ајде да лудуваме“

Големи се шансите хрватскиот претставник Бејби Лазања да победи оваа година и да ја однесе Евровизија во Загреб следната пролет, судејќи по бројките на обложувалниците, како и поддршката на обожавателите од цела Европа.

Загреб беше домаќин на Евровизија во 1990 година, а тогаш Југославија ја претставуваше Татјана Матејаш – Тајчи со песната „Хајде да лудујемо“. Хитот, кој до ден-денес го пееме, беше поткрепен со едноставен, но енергичен настап, а Тајчи со фризура во стилот на холивудската икона Мерилин Монро, облечена во розов фустан и сатенски розови потпетици истовремено пееше и танцуваше.


Инаку, по првото полуфинале, секоја година традиционално се одржува „Балканска забава“, а годинава гости биле поранешните претставници Сања Вучиќ, Бојана Стојменов и Констракта, на кои им се приклучила и Тајчи.

Судејќи според инстаграм-приказните што ги сподели, Тајчи на забавата ја испеала „Ајде да лудуваме“ и тоа, во сега веќе легендарниот розов фустан.

Можете ли да поверувате дека 34 години подоцна мини фустанот идентично ѝ стои? Мала промена доаѓа во формата на потпетиците и фризурата, која е сепак кратка, но не толку натапирана, но сите детали од фустанот се тука.

Пејачката со години живее во Америка, а Евровизија 2024 беше идеална прилика повторно да ги разгори старите емоции и спомени.

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот