Фото: Screenshot

ВИДЕО | Нереди во Франција: Бесни навивачи го прекинаа натпреварот на својот тим

Натпреварот од 36. коло во француската Лига 2 помеѓу Троа и Валенсиен беше прекинат во 89. минута поради инцидент кој се случи помеѓу домашните навивачи и фудбалерите. На Екипата на Троа и се заканува испаѓање во третиот ранг натпреварување и поради тоа домашните навивачи одлучија нешто да направат.

Имено, тие со фрлање пиротехнички материјали на теренот во 89. минута го прекинаа натпреварот и така налутија одредени играчи, посебно резервистот Жуниор Олаитан. Фудбалерите на Троа се обидоа да се справат со проблемот така што почнаа пиротехничките материјали да ги враќаат на трибините, но со тоа предизвикаа само нови нереди.

Троа е клуб во сопственост на компанијата „City Football Group“ на која најголем претставник е Манчестер Сити, па поради тоа навивачите и скандираа: „Ти благодариме, Сити“.

Судијата поради нередите означи крај на натпреварот порано од предвиденото, а сега дисциплинската комисија ќе има полни раце работа. Троа на табелата во овој момент е на 17. место со 37 бодови, додека Валенсиен е последен со 23. Двата тима се на чекор од испаѓање во третата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот