Драган Ѓилас

ВИДЕО: Неопходно е Вучиќ итно да се хоспитализира, вели српскиот опозиционер Ѓилас

Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, денеска изјави дека „драстичниот пад на поддршката за Александар Вучиќ и Српската напредна партија е резултат на тоа што луѓето се ослободиле, покажуваат што мислат и излегуваат на улица“.

„Тоа што Вучиќ кажа дека самиот решил да влезе во Клиничкиот центар, дека Обвинителството бара кој ги паркирал тракторите, а тој самиот ги паркирал тракторите, покажува дека тој е човек на кој му е потребна итна хоспитализација“, рече Ѓилас во емисијата „Меѓу нама“ на телевизија „Нова С“.

Тој предупреди дека последиците, пред сè за новинарите на „Јунајтед Медиа“, може да бидат катастрофални, бидејќи според него, луѓето кои извикуваа погрдни зборови кон новинарите на „Н1“ навистина веруваат во тоа што го зборуваат.

„Тие навистина мислат дека луѓето што работат на овие медиуми се „предавници“, дека се „усташи“, дека работат против својата земја. Тие навистина мислат дека студентите се „терористи“, затоа што така ги нарекува Вучиќ, дека сакаат да ја урнат Србија, како што тој зборува за нив, но и за целиот овој народ, затоа што ние во Србија, всушност, со месеци имаме бунт под водство на студентите“, рече српскиот опозиционер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот