Фото: Screeshot

ВИДЕО | Необична сцена во Гана: Навивачите го славеа промашениот пенал на својот репрезентативец

Репрезентацијата на Гана одреден период игра лош фудбал, а сега остана и без пласман на Африканскиот куп на Нации.

Во шестото коло од квалификациите Гана беше поразена од репрезентацијата на Нигер со 1:2 и така заврши последна во групата. Навивачите во таква ситуација одлучиле да „фаќаат“ сеир на капитенот на тимот.

Мохамед Кудус ја наследи капитенската лента од Џордан Ају, но бидејќи тоа наиде на многу негодувања во Гана сега се случи една необична сцена. Навивачите на трибините го славеа промашениот пенал во 96. минута, иако тој можеше да им донесе реми.

Така Гана за првпат по 20 години нема да биде дел од завршниот турнир на Африканскиот куп на Нации. Пласманот Гана не успеа да го избори покрај селекциите на Нигер, Судан и Ангола кои беа во нејзината група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот