
ВИДЕО | Не ѝ беше денот: Најдобрата гимнастичарка во светот ги разочара Американците
На Симон Бајлс, која важи за најдобрата гимнастичарка во светот, не ѝ беше демот на на Олимписките игри во Париз.
Препорачано
Американката „успеа“ да „прокоцка“ два златни медала. Во дисциплината партер Ребека Андраде стигна до златен медал кој за неа беше четврти на овие Олимписки игри. Бразилката собра 14.166 поени и така ја изненади фаворизираната Бајлс која оствари резултат 14.144 и тој беше доволен само за второто место. На третата позиција заврши Џордан Чилс.
Бајлс беше фаворитка и на греда, но и тука не стигна до златниот медал. Златото во оваа дисциплина и припадна на Италијанката Алисиа Д’Aмато од Италија, сребро освои Ќу Јакин од Кина, додека до бронза стигна уште италијанска гимнастичарка, Манила Д’Eспозито. Во оваа дициплина Бајлс заврши на петтата позиција бидејќи падна од гредата.
Најдобрата гимнастичарка на светот има вкупно седум златни медали, три се од Париз и тоа во поединечен и екипен повеќебој и прескок.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41сек
-
12мин
-
23мин
-
27мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5