
ВИДЕО | Нејмар постигна гол директно од корнер во триумфот на Сантош
Бразилскиот фудбалер Нејмар не можеше да посака подобар начин да им се одмазди на противничките навивачи за исвиркувањето и навредите, откако во неделата вечерта постигна гол директно од корнер.
Препорачано
Се играше 27. минута кога асот на Сантош погоди за 2:0, во убедливата победа од 3:0 на неговиот тим над Интернасионал од Лимерија.
Додека се движеше кон корнер знаменцето, Нејмар беше мета на свирежи од домашните навивачи. Пред да го изведе ударот од корнер, ја стави раката на уво, повикувајќи ги навивачите уште погласно да го исвиркуваат.
Неколку секунди подоцна изведе одличен удар од корнер и со помош на стативата постигна гол. Седна на билбордот, ги прекрсти рацете и енигматично ги крена рамениците.
Ова беше негов шести настап за Сантош откако се врати во неговиот матичен клуб од саудискиот Ал Хилал на 30 јануари, што е повеќе минути отколку за две години во споменатиот клуб.
– Fans boo Neymar
– Neymar tells them to be louder
– Neymar then scores directly from the cornerGÊNIO!!!!!!!!! ? pic.twitter.com/DantZQeKEK
— Brasil Football ?? (@BrasilEdition) February 23, 2025
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
8час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5